Вести Македонија Топ теми Ударни вести

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот во Валандово ќе се одржи

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на вчерашната седница било дискутирано во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери, при што не добила поддршка од Извршниот комитет кој одлучил да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет.

Конгресот на партијата во Валандово ќе се одржи на 22 и 23 декември.

„Извршниот комитет ја разгледа информацијата околу подготовките за одржување на вонредниот 16 Конгрес, кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Рокот за поднесување на кандидатури за нов лидер на партијата истекува денеска во 15 часот.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги осуди и, како што наведе, „нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам“.

Оттаму наведуваат дека Извршниот комитет ја разгледал анализата за локалните избори која, како што истакнуваат, денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот комитет.

Сподели: