Вести Македонија Ударни вести

Именувани замениците-министри во Владата

Сподели:

 

На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Собранието, денеска ги именуваше замениците-министри во Владата.

 

 

 

– Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,

– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

– Фатмире Исаки, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

– Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука,

– Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика,

– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

– Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,

– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и

– Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На именувањето на замениците на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на Република Северна Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија, како и интересите на сите нејзини граѓани.

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменици-министри во Владата.  

Сподели: