Имотот на Иванка Трамп и нејзниот сопруг изнесува 740 милиони долари

Сподели

Според податоците кои ги објави Белата куќа во согласност со етичките прописи за имот, имотот на ќерката на американскиот претседател, Доналд Трамп, Иванка Трампи нејзиниот сопруг Џеред Кушнер се проценува на 740 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Објаврни се информации за финансиски средства на 180 вработени во Белата куќа.

Покрај парот Трамп-Кушнер објавени се и податоци за имотот на главниот стратег Стив Банон, но и други блиски соработници на американскиот претседател.

Иванка и Кушнер минатата година остварија профит од 195 милиони долари и со тоа вкупниот имот го зголемија на 740 милиони долари.

Кушнер, како и Доналд Трамп, пред функцијата американски претседател се занимавал со недвижнини, благодарение на кои остварил значајни приходи.

Гери Кон, десната рака на Трамп во Белата куќа, кога станува збор за економија со вкупен имот од 611 милиони долари се наоѓа на листата на богати.

Тој само минатата година оствари приход од 75 милиони долари.

Поради поврзаноста на блиските соработници на Трамп и нивното бавење со економијата, но и нивните високи приходи, јавноста е загрижена дека би можело да дојде до судир на интересите.