Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај

Сподели

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.

Стево Пендаровски ќе даде свечена изјава пред народните избраници, со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.

Пред Пендаровски фукцијата претседател на држвата ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста. Инаугурацијата на Иванов во Собранието се одржа исто така на 12 мај пред пет години, во 2014 година.