Вести Македонија Ударни вести

Одложена затворската казна на Гордана Јанкулоска до јули

Сподели:

Основниот суд Скопје 1 соопшти  дека е донесено решение со кое на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и се одобрува одложување на извршувањето на затворската казна заради чување на дете.

Извршувањето на санкцијата е одложено до 1.јули оваа година.

Апелациониот суд Скопје претходно и ја намали казната на Јанкулоска од шест на четири години затвор. Јанкуловска е осудена за набавката на луксузниот мерцедес во одвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Сподели: