Интензивирање на часовите на едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ

Сподели

 

Министерството за образование и наука информира дека едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ од утре продолжува да се емитува со интензивирано темпо. Заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, ОХО продукција и Македонската радио телевизија обезбедуваме повеќе часови за повеќе генерации ученици.

 

 

Предавањата на наставниците, односно часовите ќе траат по 15 минути со цел да биде опфатена наставната материја по сите предмети од прво до деветто одделение, а секако продолжува и емитувањето на содржини за децата на претшколска возраст.

ТВ Училницата на македонски јазик може да се следи на МТВ1 од 9:15 до 12:10 часот, додека на албански јазик на МТВ2 од 12:30 до 14:30 часот.

Знаењето е најмоќната алатка за личен успех и затоа едукацијата не смее да запре.

Драги ученици, не пропуштајте ја наставата преку „ТВ Училница“!