Вести Македонија Ударни вести

Состојбата на терен е мирна и најголемиот дел од граѓаните ја почитуваат одлуката на владата

Сподели:

 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев синоќа ги посети полициските пунктови на територијата на град Скопје преку кои полициските службеници го контролираат спроведувањето на одлуката на Владата со кое се ограничува движењето на граѓаните во периодот од 21 до 06 часот.

 

 

Полициските службеници не се сами во извршување на нивните обврски, тука е поддршката од мене и поддршката од сите граѓани кои со почитување на одлуката на владата покажуваат исклучителна почит кон униформираните лица кои се грижат за нашата безбедност и нашето здравје, нагласи Чулев.

 

 

Тој истакна дека со силна меѓусебна поддршка можеме заеднички да придонесеме во борбата против вирусот кој е заканата за нашето здравје и нашите животи.  Воедно апелираше до граѓаните да останат во своите домови, за себе за своето здравје и за својот живот.

Состојбата на терен е мирна и најголемиот дел од граѓаните ја почитуваат одлуката на владата. Министерството за внатрешни работи вечерва ќе постапи превентивно, односно ќе ги предупреди граѓаните кои го прекршуваат ограничувањето на движењето, а веќе во текот на утрешниот ден полициските службеници ќе преземаат мерки за санкционирање на граѓаните, истакна Чулев при вчерашната посета.

Сподели: