Вести Македонија Ударни вести

Интензивно се расчистува теренот за големиот парк во Карпош

Сподели:

 

 

Продолжуваат интензивните активности за расчистување и рамнење на теренот за изведба на големиот парк во Карпош, спроти населбата Карпош 4, во должина на булевар „Илинден“.

 

 

Веќе неколку денови, механизацијата работи на терен и го расчистува градежниот шут и кабаст отпад којшто со децении се одложувал на оваа јавна површина.

Во активностите за чистење на теренот учествува Градот Скопје и Општина Карпош. Локалната самоуправа учествува со 8 милиони денари буџетски средства, кои се наменети за подготвителните активности: обезбедување на механизација за чистење и рамнење на теренот.

 

 

Новиот парк ќе се простира на 60.000 м2 и ќе се надоврзе на Спортско – адреналинскиот дел, на којшто веќе интензивно се работи (кај Алпинистичката карпа). Предвидено е во паркот да доминира зеленилото, со посебен систем за наводнување, но, ќе има и ботаничка градина и рекреативни содржини.

Во планирањето на јавниот простор вклучена е и стручната јавност, со тоа што Градот објави конкурс за избор на идејно решение за изгледот на паркот. Конкурсот трае до 16 – ти март, по што Комисијата ќе ги оценува пристигнатите решенија.

По својата големина и уреденост, овој потег ќе биде меѓу поатрактивните зелени зони во нашиот град. Локалната самоуправа продолжува со заштита на јавниот простор и надоместување на изгубеното зеленило.

 

Сподели: