Инциденти на босанско-хрватската граница

Сподели

 

Bosnien-Herzegowina Velika Kladusa Auseinandersetzungen von Migranten und Polizei an der Grenze zu Kroatien (Getty Images/AFP/E. Barukcic)

 

Тензиите на босанско-хрватската граница кои ескалираа во вторникот, вчера резултираа со најмалку тројца повредени, меѓу кои и една жена, пренесува Дојче веле.

До инциденти дошло откако припадниците на Граничната полиција на Босна и Хецеговина тргнале да ги поместат шаторите кои мигрантите во текот на денот ги поставиле на ничија земја, во просторот меѓу БиХ и Хрватска. Според босанските медиуми, шаторите биле присилно поместени на околу сто метри од мостот на којшто хрватската полиција поставила кордон, по што дел од мигрантите почнале да гаѓаат со предмети по хрватските полицајци.

Полицијата реагирала со употреба на палки и спреј. Хрватското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца припадници на полицијата добиле „лесни повреди“ од камења. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потенцираше дека неговата земја и натаму ќе ги штити границите од „илегално влегување и миграции“. Тој информираше дека граничните сили се зајакнати и дека е испратена и специјална полиција.

Хрватскиот министер за полиција Давор Божиновиќ ги информираше новинарите дека хрватска полиција не навлегла на босанска територија и дека „тоа нема да се случи, ниту за такво нешто има потреба“. „Мигрантите кои се сместени во Унско-санскиот кантон пробиле еден кордон на босанскохерцеговската полиција, дошле до хрватската граница и тука биле запрени од страна на хрватската полиција“, информираше Божиновиќ.

Тој додаде дека поради вчерашните лажни вести дека Хрватска ќе ги отвори границите за мигранти е забележано „зголемено движење“ на мигранти и на границата со Србија што „српската полиција успешно го решила“.

Тој додаде дека поради вчерашните лажни вести дека Хрватска ќе ги отвори границите за мигранти е забележано „зголемено движење“ на мигранти и на границата со Србија што „српската полиција успешно го решила“.

Bosnien-Herzegowina Velika Kladusa Auseinandersetzungen von Migranten und Polizei an der Grenze zu Kroatien (picture-alliance/AA/S. Yordamovic)

Според информациите од граничниот премин Маљевац, денеска во просторот меѓу БиХ и Хрватска сѐ уште има околу 100 мигранти, но ноќта протекла мирно. Граничната полиција на БиХ најавува дека граничниот премин би требало да биде отворен за сообраќај во текот на денов.

Босанските власти во регионот на северозапад на земјата, каде се наоѓаат и најголемиот број мигранти, немаат изградено прифатни центри. Од почетокот на годинава, според наводи на безбедносните власти на БиХ, во земјата се регистрирани околу 20.000 мигранти. На некои им успева да ја преминат границата со Хрватска, но илјадници талкаат од едно до друго сместувалиште за итни случаи.

DW