ИРЛ: МАЛМЕД бара да се казни Жан Митрев поради непријавени клинички испитувања

Сподели

 

Придружуван од двајца адвокати и подготвена презентација „Факти за Ковид“ доктор Жан Митрев денеска одржа прес конференција за новинари.

Средбата со медиумите доаѓа во време кога обвинителството води истрага против него, а граѓанскиот суд треба да донесе одлука дали ќе ја прифати неговата тужба за клевета против новинарите на ИРЛ.

Од институциите досега само Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) му поднесе прекршочна пријава и бара казна за болницата, бидејќи клиничките испитувања за хемофилтрација врз КОВИД пациенти не биле пријавени. Судска разрешница се уште нема, пишува ИРЛ.

Законот предвидува парична казна од 50 илјади евра доколку не ги почитувал строгите правила за вршење на клинички испитувања. Испитувањето мора да биде одобрено и мониторирано од Клиничка и Етичка комисија во МАЛМЕД. А, пациентите мора да бидат известени дека се дел од клиничко испитување и третманот е бесплатен.

Целиот текст на ИРЛ прочитајте го тука