Исчистени православните верски храмови во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица

Сподели

 

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, ЈП “Комунална хигиена” – Скопје спроведе акција за чистење на православните верски храмови.

 

 

Во рамките на акцијата беше извршено рачно миење, метење и чистење на пристапните патишта, непосредната околина и дворовите на црквите во сите скопски општини.

 

 

“За време на најзначајните верски празници на сите верски заедници во нашата земја, спроведуваме засилени активности и настојуваме да ја одржиме хигиената на верските храмови на највисокото можно ниво” – изјави директорот на ЈП “Комунална хигиена” – Скопје, Абдусамед Шабани.