Вести Изјави Македонија Статуси Ударни вести

Пендаровски: Нека е честит големиот христијански празник Успение на Пресветa Богородица

 

“Сплотеноста којашто со себе ја носи Голема Богородица треба да не води и да бидеме хумани секој ден, споделувајќи љубов, внимание, грижа и сочувство.

Во честитката којашто ја упатив до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан меѓу другото, посочив дека треба заедно со сите наши сограѓани, без разлика на која религиска група ѝ припаѓаат, да продолжиме да придонесуваме за општество на рамноправни и среќни граѓани.

Нека е честит големиот христијански празник Успение на Пресветa Богородица” – напиша претседателот Пендаровски во честитката по повод празникот Голема Богородица.

Сподели: