Ист Гејт е безбеден – запалено возило било причината за евакуација

Сподели

 

Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, од Ист Гејт известуваат дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен.

Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време.

“Денеска е пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми бо 13.42 часот, па се евакуирани сите вработени и купувачи.

Од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето.”