Историската важност на реферeндумот е препознаена, граѓаните се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО!

Сподели

Постигнатиот конечен Договор за спорот со Грција е патриотски чин преку кои се затвора 25 годишно прашање, се обезбедува иднината на Македонија како полноправна членка на ЕУ и НАТО и се зајакнува македонскиот идентитет.

Со Договорот отстранета е последната пречка за евроинтегративниот процес. По години изолација, Македонија повторно е на патот кон ЕУ и НАТО. Датумот за почеток на преговори со ЕУ е дефиниран, а обезбедена е и покана за влез во НАТО.

На референдумот на 30 септември, граѓаните ќе го кажат последниот збор за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО. Граѓаните се носители на суверентитетот, тие избираат на избори и на референдум, а нивната волја е неприкосновена и обврзувачка за сите.

Граѓаните ја препознаваат историската важност на референдумот, знаат дека Договорот за спорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за еднаш засекогаш да се обезбеди македонската иднина, еднаш за секогаш да се обезбеди и гарантира македонскиот идентитет и македонската посебност.

Граѓаните знаат дека во успешен реферндум стануваме дел од ЕУ и НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик во македонска држава и дека тоа право веќе никој нема да им го негира или опсорува.

Мнозинството граѓани е цврсто определено за влез во ЕУ и НАТО и затоа на 30 септември, на референдум слободно, без пристисоци, одлучно и достоинствено ќе кажат ДА за ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција, силно и одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.