Италија по европскиот првак Шпанија сака да го елиминира и светскиот шампион Германија

Сподели

thumbs_b_c_125f64d407899bbb5786bd5ba4436110

ПАРИЗ (AA) – Во последниот натпревар од четвртфиналето од Европското првенство вечерва силите ќе ги одмерат актуелниот првак на светот Германија и вицепрвакот на Европа, Италија, а само заа една од тие селекции има место во полуфиналето и се очекува голема борба на теренот. (AA)

Натпреварот кој спортската јавност го нарекува “финале пред финале”, ќе се игра на градскиот стадион во Бордо со почеток во 21 часот. Правдата на теренот ќе ја дели унгарската судиска петорка предводена од арбитарот Виктор Касаи.

Италија во четвртфиналето играше уште еден дерби против актуелниот првак на Европа, Шпанија, и славеше победа со резултат 2:1 но и покажа врвна игра и подготвеност да дојдат на тронот на Европа.

Меѓутоа, избраниците на Антонио Конте и во овој натпревар против себе ќе имаат тешка задача, да ја елиминираат Германија. Конте вечерва нема да може да смета на искустниот играч од средниот ред Тиаго Мота кој е суспендиран поради парните жолти картони.

Избраниците на германскиот селектор Јоаким Лев во четвртфиналето ја декласираа Словачка со високи 3:0 и покажаа апетити да по титулата на Мундијалот во Бразил, освојат и титула на првак на Стариот континент.

Паралелно со тоа, селекцијата на Германија ќе се обиде со победа над Аsурите да го урне неславниот тренд на не остварување на ниту една победа над тој ривал во последните осум средби во завршниците на ЕУРО.