Вести Свет Ударни вести

Италија ќе забрани присуство на масони во Владата

Сподели:

Италијанските партии на екстремната десница, Лига и Движење 5 ѕвезди (M5S), кои се против системот, се согласија да формираат коалициска влада, издвојувајќи дека во договорената програма се забранува присуство на масони во Владата, јавува Anadolu Agency (AA).

Партиите Лига и Движење 5 ѕвезди, по две недели преговори за формирање влада, составија програма со наслов „Етички кодови на членови на Владата“, во која се истакнува дека во Владата нема да има место за масоните.

Во тој дел од програмата се наведува:

„Во Владата нема да бидат вклучени лица кои се осудени за потпомагање на текот на валканите пари, на криминалците, мафијашите, на лицата кои ја злоупотребуваат својата должност, лицата против кои се водат случаи за сериозни обвинувања, на масоните. Членовите на Владата се приморани навремено да информираат за поведените истраги во врска со нив или да пријават штом ќе дознаат дека е поведена постапка за кривично гонење против нив.“

M5S, уште за време на изборите, од листата извади неколку кандидати за кои се утврди дека биле регистрирани во Масонскиот дом.

Луиџи Ди Мајо, лидерот на Движење 5 ѕвезди, не остана само на исклучување на овие членови од партијата, туку „Поради штетата што ѝ ја нанесоа на имиџот на партијата“, имаше објавено дека ќе поведе судска постапка против нив.

На изборите во Италија одржани на 4 март, ниту една партија или сојуз не доби доволен број гласови за формирање влада, по што партиите започнаа преговори за формирање коалициска влада.

Партиите на екстремната десница, Лига и Движење 5 ѕвезди, кои се против системот, по двонеделни преговори се согласија за заедничко формирање влада.

Сподели: