ГРУЕВСКИ: Итно ослободување на приведените и запирање на политичкиот прогон на неистомилениците

Сподели

“Безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, безусловно стопирање на малтретирањата од страна на власта и итно пуштање на слобода на сите што се опфатени со класичниот политички прогон”, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција, по денешното апсење на 36 луѓе осомничени за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓу уапсените е и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, како и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е насилие на власта против секој кој мисли македонски. Во прашање е државата, ова не е правда, веќе законите и уставот не важат, ова е заробена држава“, рече Груевски.

Според него, со ова се прави пат за промена на името и идентитетот.
Груевски рече дека ова е „последен час кога треба да се реагира“. Најави долга и тешка битка за слободата и слободната мисла на народот.”