Иван Џолев повторно избран за претседател на Кривичен суд

Сподели

 

Судскиот совет со 13 гласа „за” го избра Иван Џолев за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. 

Ова е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Советот на јавни обвинители го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните (200) бодови. Тој беше единствен пријавен кандидат за претседател на најголемиот суд во државата.