ИВАНОВ ДЕНЕСКА ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА, НА ПОКАНА ОД РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

Сподели

Gjorge-Ivanov

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во Турција на работна посета, на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија утрово од кабинетот на Иванов.

„Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим“, стои во соопштението.

Посетата на Иванов на Турција доаѓа по неодамнешниот неуспешен обид за воен удар во земјата.