Иванов по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на МПЦ

Сподели

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Иванов во свое име и во името на граѓаните на Република Македонија упати честитки до сите православни верници во земјата и во странство.

“Денешниот ден е посветен на најискусниот и најпросветениот ученик на светите Кирил и Методиј, а тоа е нашиот голем народен светител и просветител – Свети Климент Охридски. Во изминативе години исполнети со политички кризи, за жал, дел од овие навики паднаа во заборав. Во основата на сите кризи е моралната криза. Единствен начин како трајно да се надмине политичката, е, пред се, да се надмине моралната криза на нашето општество, преку враќање кон трајните морални и етички вредности и принципи кои пред повеќе од 11 века ни ги пренел Св. Климент Охридски. Така ќе успееме да изградиме хумано и праведно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество,” изјави во соопштението на Ѓорѓе Иванов.