Џафери го честита празникот Свети Климент Охридски: Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности

Сподели

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски.

„-Основоположникот на Охридската книжевна школа нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности. Создавањето на кирилицата и ширењето на писменоста е светол пример на чување и унапредување на наследството за сите народи. Чествувањето на секој празник е добра можност да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање како и да си посакаме мир и благосостојба “, се наведува во честитката.