Изборот на в.д. обвинителка нов доказ: Власта сака целосна контрола

Сподели:

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега на сите им е јасно што се случува? Исто како во времето на Груевски, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели: