Вести Македонија Ударни вести

Избрани нови заменик-министри во пет владини ресори

Сподели:

 

Со избор на заменик-министри во пет ресори на Владата, во Собранието на Република Северна Македонија вчера заврши 104. пленарна седница.

За нови заменик-министри, по предлог на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се избрани:  Тирон Јајага во Министерството за одбрана; Викторија Аврамовска – Мадиќ во Министерството за правда; Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нухиу во Министерството за образование и наука.

Претходно, во рамки на 104. седница, Собранието изгласа разрешување на досегашните заменик-министри за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука.

На истата седница, првично, беа избрани нови министри во четири ресори на Владата.

Сподели: