Вести Македонија Ударни вести

Избрани седум обвинители во Обвинителството за организиран криминал

Сподели:

Советот на јавни обвинители избра седум обвинители во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пренесе Алсат-М.

Дел од избраните и досега беа во ова обвинителство додека други се избрани за прв пат. Најинтересен за јавноста е изборот на Марија Ѓоргева, една од двете обвинителки кои под нејасни околности беа отстранети од СЈО со одлука на Катица Јанева. Таа е во роднинска врска со претседателот на советот на јавни обвинители Коле Штеријев, кој призна дека присуствувал на гласањето за нејзиниот избор поради потребата од кворум, но гласал воздржано.

Сподели: