Вести Свет Ударни вести

Издавачката куќа “Мередит” го купува „Тајм”

Сподели:

Издавачката куќа „Мередит“ од Алабама соопшти дека го купува весникот „Тајм” за околу 1,8 милијарди долари.

Извршниот директор на „Тајм”, Стивен Лејс, ја оцени зделката како „одлична трансформација и финансиска можност за раст”.

Мередит со себе ги носи списанијата, меѓу кои се „Бетер хомс анд гарденс“ (Better Homes & Gardens), (Фамили сркл алресиперс анд Шер“ (Famili Circle, Allrecipes & Shape), додека Тајм е сопственик на брендови кои ги вклучуваат „Тајм“ (Time), „Спорт илустратед“ (Sports Illustrated), „Пипл“ (People), „Фортун“ (Fortune) и „Ентертејмент викли“ (Entertainment Weekly).

Мередит ќе плати 18.50 долари по акција во готово за речиси 100 милиони акции на Тајм.

Претседателот на Управниот одбор на Тајм Џон Фахеи, изјавил дека продажбата е во најдобар интерес на компанијата и нејзините акционери, истакнувајќи дека постигнатата цена претставува премија од 46% во однос на нивото на кое акциите на медиумската куќа беа, заклучно со 15. ноември, ден пред постигнувањето на договорот.

Сподели: