Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Сподели

Заменик претседателот на Владата, Изет Меџити, упати честитка по повод 17 Февруари, Денот на независноста на Косово, изразувајќи длабока почит кон истрајноста и жртвата на косовскиот народ во нивната борба за слобода и сувереност.

„Косово наше, ти ја честитам од срце оваа значајна годишнина! Во овој историски ден за Косово, се сеќаваме на жртвите, отпорот и гордоста на народот кој никогаш не застана на својот пат кон слободата и независноста. Среќен нека ни биде овој голем ден за нашиот народ, со љубов и почит кон нашите браќа и сестри каде и да се!“ – истакна Меџити во својата порака.

Тој додаде дека Косово претставува симбол на непокорноста и стремежот кон достоинствена иднина, додека посака единство и напредок за сите Албанци во регионот.