ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Сподели

 

wpid-sobranie-glasane-za-odzemane-na-mandati-na-sdsm-3-jpg

Пратениците попладнево го изгласаа ребалансот на Буџетот за 2016 година. Суштинска ставка во расходите е обештетувањето на жителите од поплавените села во Стајковци, Смилковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево и останатите настрадани села под Скопска Црна Гора.

Приходите во Буџетот со ребалансот се непроменети и остануваат на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари, а се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти. Дефицитот ќе изнесува 23.119 милион денари, место 21.181 милион денари.

За ребалансот на буџетот гласаа и пратениците од опозицијата со цел парите побрзо да стигнат до настраданите семејства.