ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови. Утринската темпереатура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната температура од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 6, а дневната температура до 15 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.