Вести Македонија

Изгубените печати од ДИК ќе се заменат со нови и поинакви

Сподели:

dik

Печатите што недостигаат во Државната изборна комисија ќе бидат заменети со нови, информираат од ДИК. Како што велат од таму, пред изборите се прави попис на изборниот материјал за да се провери што се недостига или не функционира и сето тоа се надоместува или се поправа. Според информациите од ДИК, печатите што недостигаат се од избирачки места во Сопиште, Бутел, Брвеница и во Липково.

„Тоа не значи дека тие 40 печати се украдени. Можеби воопшто не се вратени по претходните избори. Но, во случај кога недостигаат или има оштетени печати на општинските изборни комисии или на изборните единици, тие се прогласуваат за неважечки и се изработуваат нови печати, кои секогаш се поинакви од претходните. Секој печат за кој ќе се констатира дека го нема, се заменува со нов, со ознака која е поинаква од претходната“, информираат од ДИК.

Сподели: