ИЗЈАВИ: ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ

Сподели

1319_578147069015384_7610113525751210135_n

ПОВТОРНО за ,,АМАЛИТЕ НА ТУЃИОТ СРАМ“

Во неделата навечер одбрана квази вмровска елита на коктел и фанфари во Музејот на ВМРО. Дотерана во тоалета по најнова мода и намирисана со најскапи парфеми. Вчера измачени ,,амали на туѓиот срам“ приморани на улица на +45 степени, без вода да вршат притисок врз судот за ослободување на осомничениот Талевски.
Јас искрено не видов некој од блиските роднини на вождот (на пример: мајка му, сопругата Боркица или блиските на Боркица, сопругата и синот на Хорхе, сопругите и останатите членови на фамилијата, министрите и останатите функционери и др блиски ) да стојат на жешкиот асфалт и на +45 степени да протестираат.
Значи некој мора со еден сендвич да патува стотици километри до Скопје, да ги слуша наредбите на задолжените за ред овчарчиња (,,Ајде уште малку на сонце, нема да трае долго”), додека други во своите разладенети домови ќе уживаат во благодетите на власта и народните пари.
Жални мои вмровци и квази вмровци…. до кое ниво ве донесоа.!