ИЗЈАВИ: ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ

Сподели

ljubco-georgievski1

– На Република Македонија и се случува депопулација, бегство во поголемите градови или во странство. Во моментов имаме 1800 населени места, а само 80 општини. Ние во Македонија ќе направиме секое село да биде општина, систем на комуни. Со тоа ќе спласне мултиетничката напнатост, бидејќи системот ќе биде прифатен за сите.

– Секое село ќе може да создаде економски импулс. Подобро да ги вработуваме во селата отколку да се полни администрацијата во Скопје. Овој модел функционира во цела Европска Унија, а кај нас ниедно село нема жиро сметка. Оваа промена е решение за многу проблеми и би требало да биде прифатена од многу структури. На овој начин ќе се сопре демографската катастрофа во Македонија и сите села ќе можат да конкурираат со свои програми, односно нема да чекаат општините да се сетат на нив.