Во споменикот „Илинден“, познат и како „Македониум“, во Крушево вчера беше отворена изложбата „Star Wars & Makedonium“ од Зоран Кардула.
Во рамките на изложбата беа претставени илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот“.
Настанот е дел од годинашната програма на НКС „Десет дена Крушевска Република“.
За тие што не беа на отворањето на Star Wars & Makedonium – Exhibition имате можност во наредните 20 дена да ја посетите изложбата.










