Измени на Законот за административни службеници – СДСМ нема да го поддржи

Сподели:

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, како и измените на Законот за административни службеници, двата по скратена постапка. Според образложението на предлагачите, целта е да се обезбеди појасна и поефикасна примена на прописите, како и да се уреди статусот на службениците во собраниската служба и регулаторните тела.

Со законските измени се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што треба да се обезбедат еднаков пристап и доследна примена на мерит-системот. Се воведува и јасна правна последица за службениците кои две години последователно ќе добијат оценка „1 – не задоволува“ престанок на работниот однос по сила на закон. Предвидено е и поекономично спроведување на постапките, без неоправдано одолговлекување, при задржување на правото на жалба.

СДСМ нема да го поддржи предложениот Закон за административни службеници, бидејќи, и покрај најавите за независност на собраниската служба, содржи механизми што можат да се користат за притисок врз вработените. Оливер Спасовски предупреди дека одредбите за преместување, оценување и дисциплинска одговорност на административните службеници можат да отворат простор за злоупотреби и политичко влијание врз вработените. Според него, професионалната администрација мора да биде заштитена од политички притисоци, а независноста не смее да остане само декларативна, додека истовремено се воведуваат механизми што можат да се користат за пресметка со вработените.

Сподели: