Алтернатива Македонија Настани Ударни вести

Нашите ученици освоија 4 медали на Балканската математичка олимпијада 2020

Сподели:

 

Еден сребрен, три бронзени медали и пофалница освоија македонските млади математичари на 37. Балканската математичка олимпијада (БМО2020) која почна на 31 октомври, а завршува денеска. Домаќинот е Романија и нашата репрезентација се натпреваруваше со тимови од 17 земји. Никола Спировски (14) освои сребрен медал, Дамјан Давков (12), Алек Јармов (19) и Лука Грашкоски (18) освоија бронзи, Кристина Тасева (17)  – пофалница. Во нашиот тим беше и ученикот Бојан Димовски (17).

 

 

Водач на макеоднската репрезентација беше Никола Велов, заменик-водач Борче Јошевски и обсерверот Мирко Петрушевки. Натпреварот го организираше Сојузот на математичарите на Македонија.

Сподели: