Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Сподели:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.

„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план. Ова значи дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е прекрасен ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. Благословени да бидат миротворите!“

Сподели: