Вести Македонија Ударни вести

Изречени санкции при контрола на отпади во Карпош

Сподели:

 

Вчера, на 1 јуни, од полициски службеници Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица – отпади на подрачјето на Карпош во Скопје.

Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.

 

Сподели: