Изврштелите лани наплатиле 127 милиони евра од граѓаните и фирмите

Сподели

 

Во 2018 година, извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници.

Според Годишниот извештај на Комората на извршители, е реализирано само од 55,69 % од 112.250 барања за извршување. Најмногу пари лани0 извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108,46 евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971.41 евра, а од државата – 15.946.914,89 евра.

До Комората на извршители во текот на минатата година биле доставени вкупно 255 претставки од странки против извршителите.

-Од вкупниот број на претставки примени во текот на 2018 година, четири претставки остануваат нерешени и се префрлуваат за следната 2019 година, а три претставки префрлени од 2017 година, биле решени во 2018 година. Вкупниот број на решени претставки од страна на претседателот на КИРМ, во рамки на оваа извештајна година изнесува 254, неведено е во Годишниот извештај.

Регистрирани се вкупно 97 извршители, кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во државава.