Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Јанчев и Богданов се разрешени од функциите во ВМРО ДПМНЕ

Сподели:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите се разрешени од функциите во партијата, дознаваме од партиски извори.

Исклучен од партијата е Петар Богојевски од Крушево, кој претходно беше разрешен од заменик-генерален секретар.

Во тек е состанокот на Централниот комитет и според најавите се очекува вечерва партиското раководство да соопшти повеќе детали околу темите за кои се дискутирало. Како што дознаваме, на лидерот на партијата Христијан Мицкоски му била искажана целосна доверба, а се дошло до заклучок дека нема потреба од вонреден конгрес на партијата.

Сподели: