Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Јанева: Истрагите на СЈО за одлевање пари проширени надвор од земјата

Сподели:

Специјалното јавно обвинителство е фокусирање на финансиските истраги и откривање каде се одлеале парите. Можни држави каде се одлеале парите се Чешка, Грција, Велика Британија, Холандија, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Таа посочи дека СЈО работи и на проектот „Скопје 2014“ и очекува наскоро да излезат со јавнообвинителска одлука.

– СЈО веќе соработува со други држави, а наши обвинители веќе беа и во студиски посети. Се надевам дека ќе откриеме каде точно се одлеале парите и дали се уште се во РМ, рече Јанева.

Таа кажа дека не дозволуваат да им бидат врзани рацете во однос на меѓународните финансиски истраги.

– Секој ден наоѓаме начини и се обидуваме да најдеме законски начини како нашите финансиски истраги да одат побргу. Сите обвинители и целиот обвинителски тим на СЈО најмногу работат на финансиските истраги. Имаме и многу материјали кои се собрани и се анализираат на дневна основа, рече Јанева.

Поддршка на Специјалното јавно обвинителство во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка, е токму целта на проектот што ќе се спроведува во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кој беше презентиран денеска.

Проектот е финансиран преку Холандската амбасада, ќе трае три години, а целта е зајакнување на оперативните капацитети на СЈО и меѓународната правна помош,  што е неопходна за побрзо водење на финансиски истраги.

Сподели: