Јанева останува во притвор – жалбата отфрлена од судот

Сподели

 

Кривичниот суд ја отфрли жалбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор. Судот синоќа и одреди притвор на Јанева, која е трето осомничена во случајот „Рекет“.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара притвор за Јанева поради основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист, откако таа беше приведена по извршен претрес во нејзиниот дом и нејзината канцеларија во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“ изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди притвор за Јанева. Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.