Вести Македонија Ударни вести

Заев: Нови измени во извршната власт

Сподели:

 

По денешната седница на Централниот совет на СДСМ, премиерот Заев најави дека од утре ќе достави предлог до Собранието со новите измени во извршната власт.

Премиерот Заев најави дека ќе ја предложи Нина Ангеловска, коосновач на Групер за нов министер за финансии, додека Елизабета Наумовска ќе биде номинирана за заменик министер за образование и наука. Актуелниот заменик – министер за економија Кире Наумов ќе ја предводи Банката за развој, а Кире Колемишевски ќе биде новиот заменик – министер за економија.

На состанокот на Централниот совет на СДСМ беа избрани и новите потпретседатели на партијата: Коста Петров, Оливер Спасовски, Мухамед Зеќири, Мила Царевска и Дамјан Манчевски.

Сподели: