Јанушев: Јанева е главниот дел од сложувалката на целата рекетарска мрежа

Сподели

 

Игор Јанушев по денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски, изјави дека тој ја пуштил Катица Јанева низ вода и оти веројатно таа ќе биде жртвено јагне.

– “Да ѝ направи уште една работа, тоа е да таканаречено ја пушти Катица Јанева низ вода бидејќи очигледно и за нив станува јасно дека Катица Јанева е директно вмешана и како што пред малку кажав без нејзе не би било воопшто  можно да се организира и спроведува случајот „Рекет“. И веројатно од она што имав прилика да го слушнам е дека ќе се обидат да ја претстават Катица Јанева како, односно да ја пуштат низ вода и да биде жртвено јагне. Така да во ниту еден друг контекст нема да можам да го разберам тоа бидејќи видовме дека и слушнавме од медиумите и прочитавме исто така за голема вмешаност и потребна е целокупна истрага буквално за се што е вработено во СЈО.”

“Потребна е истрага за `се што е работено во СЈО, очигледна е директната вмешаност на Катица Јанева. Таа е главниот дел од сложувалката за разоткривање на целата рекетарска мрежа што води до врвот на власта – до Заев” – изјави Игор Јанушев на денешната прес-конференција..