Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството

Сподели:

Комисијата за социјална политика, демографија и млади, во рамките на денешната  26. седница, во 12 часот, во Сала 4, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството – прво читање, поднесен од пратениците Весна Бендевска, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски.

Со Законот за семејството се уредува посвојувањето, како и правата и обврските кои произлегуваат од него.

Целта на Предлог-законот е уредување на пристапот до податоците и списите на предметите за посвојување, преку воспоставување механизам за остварување на правото на полнолетниот посвоеник на увид во списите на предметот за неговото посвојување.

Со Предлог-законот се уредуваат и постапувањето и одлучувањето по барањата за пристап, пристапот до податоци од медицински причини поврзани со здравјето на малолетниот посвоеник, како и пристапот на крвните сродници на полнолетниот посвоеник под условите утврдени со закон.

Сподели: