Јордан: 18 ученици загинаа во невреме (ВИДЕО)

Сподели

Најмалку 18 ученици загинале, а повеќемина се водат како изчезнати во Јордан кога нивниот автобус бил однесен во поплавата предизвикана од изобилните дождови.

Несреќата се случила во областа на Мртво море, на 50 километри западно од главниот град Аман. Во автобусот имало 37 деца кои биле на екскурзија.

Израелската војска соопшти дека испратила елитен тим за спасување и хеликоптери во Јордан по барање на јорданската влада.

Вчерашниот инцидент е втора трагедија која е резултат на големите поплави од Мртво море оваа година.