Вести Македонија Ударни вести

Јовески: Почна процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО

 

“Почна процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши”, изјави обвинителот Љубомир Јовески.

-По преземањето на предметите во надлежност на ова Обвинителство тие се оставени натаму кај јавниот обвинител кој дотогаш постапувал по предметот. Обвинителството дополнително ќе утврди во следните денови кој ќе постапува по предметите.

– Ќе определиме за секој поединечен предмет кое Обвинителство конкретно е надлежно стварно и месно да постапува по тој предмет и кој обвинител ќе го застапува конкретниот предмет, додаде Јовески.

Јовески очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.

-Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле, рече Јовески.

 

Сподели: