Јанушев: Злоупотребите на системот мора да престанат, а не само да ја сменат формата и амбалажата

Сподели

 

“Насилното преземање на предмети од СЈО надвор од закон, по наредба токму на истото лице кое е осомничено дека ги злоупотребувало токму тие предмети за политички притисоци и изнуда на пари ќе креира анархија. Катица Јанева го уценуваше ВМРО да и даде поддршка за криминогеното работење, а за возврат нудеше прекинување на постапките, што говори и за мотивите поради кои тие се отворени. Истрошија скоро 15 милиони евра во нивното досегашно работење. Земаа плати од по 5.000 евра само за да отвораат предмети кои би служеле за уцена и изнуда. По 5.000 евра месечно. За ваков криминал мора да се одговара, а не да се бара нов незаконски начин како истиот да продолжи.

Доколку сакаме правда и правна држава, ваквите злоупотреби на системот мора да престанат и да бидат санкционирани, а не само да ја сменат формата и амбалажата, а во суштина да останат исти” – изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.