Јовески: Се истражува дали инволвираните во “РЕКЕТ” имаат сефови

Сподели

 

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека во потрагата по парите од торбата „Луј Витон“, која јавноста ја виде на објавените снимки поврзани со предметот „Рекет“, се истражува и дали инволвираните во предметот имаат сефови. Тој ги негира тврдењата на дел од јавноста дека истрагата се одолговлекува.

-“Го почнавме овој предмет од записник за поднесена кривична пријава, обезбедивме докази и ја почнавме финансиската истрага. До моментот на отворање на истрагата имавме сослушано 15 лица. Се добива впечаток во јавноста дека работиме само кога повикуваме сведоци, но ние имавме определени моменти кога чекавме вештачења и анализи” – рече Јовески во интервју за „Код“.