Јовевски: Јанева ќе биде повикана на распит

Сподели

 

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ТВ21 потврди дека сите вмешани во случајот „Рекет“ ќе бидат земени на распит во Обвинителство, вклучувајќи ја и Катица Јанева.

„Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани. Редоследот Обвинителството, заради доверливоста, не го соопштува однапред“, вели Љубомир Јовески – државен обвинител.

Јовески додава дека има шанси видео и аудио-материјалите кои ги објави италијански весник, да бидат истите како оние што ги поседува ЈО како докази. Но, обвинителството тврди дека тие не се извор на видеата кои ги објавува италијанскиот весник.