ЈП Лајка со континуирано надградување на знаењата на вработените

Сподели

 

Изминатите неколку месеци прифатилиштето за бездомни кучиња на јавното претпријатие ЛАЈКА – Скопје оствари успешна соработка со Центарот за благосостојба на животни при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Освен вложувањето во инфраструктурата, ЈП Лајка Скопје вложува и во едукација на своите вработени.

 

 

Внимателно го градиме нашиот тим и со континуирано надградување на знаењата на кадри кои се безусловни љубители на животни, дополнително ги мотивираме успешно да ја извршуваат својата работа и да имаат привилегија да ја добијат довербата од најдобриот пријател на човекот.

 

 

Новиот тим успешно ги заврши обуките за заловување и хуман третман на бездомни кучиња во Центарот за благосостојба на животни при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје под менторство на проф.д-р Влатко Илиески.