ЈП Паркови и зеленило: Остро го осудуваме вандализмот во паркот Македонија!

Сподели

 

Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мкедонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот.

 

 

За жал вакви глетки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот, информираат од ЈП Паркови и зеленило.

Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители.